АктуелноЛокално

Груби претседава со работната група за култура во Бугарија, Битиќи ја предводи економија

Вчера вечерта Владата ги формираше работоте групи за продлабочување на билатералната соработка со Бугарија.

Оваа средба е резултат на произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада во Македонија од пред неколку дена.

Според објавеното од владата македонската делегација ќе биде составена од четири групи предводени од Фатмир Битиќи, Артан Груби, Благој Бочварски и Бојан Маричиќ.

Со работната група за култура ќе претседава Артан Груби. Работна група за економија, ќе ја предводи Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања. Министерот за транспорт Бојан Маричиќ ќе ја предводи работната група за инфраструктура, транспорт и поврзување. Со заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики за копретседавач е назначен Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Она што го привлече вниманието на јавноста е тоа што во владиниот договорот помеѓу СДСМ и ДУИ е одлучино копрецедавач на зелени политики да биде Бојан Маричиќ а не кадар од зелената партија ДУИ, додека работната група за култура, која веројатно ги опфаќа најчуствителните прашања за Македонскиот народ ја предводи Артан Груби, кој патем по образование е правник и нема ниту ден искуство во областа на културата.