Панде Колемишевски: СДСМ е во пад Левица во подем!

Во својата редовна колумна во весникот Нова Македонија, Панде Колемишевски, анализирајќи ги односите помеѓу власта и опозицијата, вели дека Левица сѐ почесто е на заб на владејачката СДСМ поради стравот од подемот на оваа партија, кој е нотиран и во највновите анкети.

Стратезите на СДСМ не случајно го насочуваат прстот кон Левица. На сите понови анкети, од анкета до анкета, СДСМ е во пад, Левица во подем. Она што утре на избори не може да им го земе ВМРО, ќе им го земе Левица. Таа лева партија најверојатно ќе биде јазичето на вагата што ќе го одредува идното собраниско мнозинство. Секој аналитички штаб ќе мора да ја согледува таа можна левичарска пенетрација и последиците што може да произлезат од неа, пишува Колемишевски

Понатаму во текстот, авторот се осврнува и на преобличувањето на владејачката партија СДСМ, од државотворна во предавничка, СДСМ не е во пад само на анкети. Неговиот пад не е на хартија, таа надолна транзиција е во реалноста. Социјалдемократите сами си ги сечат гранките што израснале на роденото, прво стебло, констатира Колемишевски.

Она што го испушта или отфрла од својата руба СДСМ, умно го облекува Левица. Кај нив се префрла дел од разочараното членство на СДСМ, мнозина неопределени гласачи. Она што и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го прават во бели ракавици, Левица го соопштува грубо, но вистинито. Станаа мајстори да ги артикулираат своите предизвикувачки и провокативни ставови, ги враќаат во живот идеалите на постарите генерации, а со модерен, дури и уличен говор ги освојуваат младите. Ако за СДСМ патриотизмот е ретро, за Левица е кул.

Извор: Нова Македноија