Левица: Дали кичевчани ќе плаќаат 70% поскапа струја

  • Реакција на ЛО Левица Кичево

Бислимовски информира дека барање за зголемување на цената поднеле неколку општини, меѓу кои и Кичево. Иако, тој вели дека тоа не е реално се прашуваме кој тоа ,во ова време на кризи на секое поле и се поголема сиромаштија кај обичниот народ како и буквална борба да се прехранат семејствата ,помислува дека треба да зададе уште еден удар по џебот на граѓаните ?

Кичево се дави во ѓубре, во страшна инфраструктура, во секојдневни проблеми со уличните кучиња, а ЈП Комуналец наместо да бара решенија за овие проблеми, единствено што мислат е како да ги покачат цените на услугите ? Дали на повидок се нови партиски вработувања па да се извлече денар плус од граѓаните? Дали водата за пиење треба да стане луксуз?

Вака ли Дехари се грижи за граѓаните без разлика на која етничка припадност припаѓаат? Знаат ли неговите гастербајтери кои со авиони доаѓаат да гласаат за овие намери за нов финансиски товар на граѓаните на Кичево?