Воени возила на САД се упатиле од Сирија кон Ирак

Во неделата, воените сили на САД започнале со евакуација на конвој од 270 возила од базата на воениот аеродром Караб ал-Џир во селото Ал-Хасака, кој се упатил кон северен Ирак преку граничниот премин Ал-Валид. Ова се смета за едно од најголемите повлекувања од Сирија, откако претходно беа окупирани нејзини територии од војската на САД.

Локалните медиуми објавуваат дека конвој од 150 камиони-ладилници и 120 носачи со американски тенкови и оклопни возила ја напушти воената база на воениот аеродром Караб ал-Џир. Операцијата започнала неделата, а според засега достапните информации тие се движат кон северен Ирак преку Ал- Важи.

Минатиот месец, силите на САД евакуирале конвој натоварен со украдена нафта од сириска територија во северен Ирак. Меѓувремено уште еден воен конвој составен од 79 во главно оклопни возила, го напуштиле аеродромот Караб ал-Џир во селото Јарубија и се упатиле кон Ирак преку илегалниот граничен премин Ал-Валид. Сириската армија постојано се соочувала со воени патроли на САД, во обид да ги спречи во намерата да ја преминат границата.