Македонија е европски рекордер по бројот на бегства од затвор

Македонија е земја во Европа која се наоѓа убедливо на првата позиција по бројот на затвореници што избегале од затвор. Според податоците објавени од Советот на Европа во нашата на секои 10.000 затвореници бегаат по 691 затвореник.

На оваа неславна листа, втора е Холандија, со статистика за повеќе од дупло подобра од нашата, односно со 315 избегани на 10.000 затвореници. Трета е Швајцарија со 284 бегства.

Интересен е фактот што некои земји воопшто не пријавиле случаи на бегство од затвор, а меѓу нив се Албанија, Црна Гора, Словенија, Малта и Кипар. Податоците за оваа карта доаѓаат од Годишната статистика за казни која ја објавува Советот на Европа.