(Видео) Левица со жив ѕид ќе ги брани интересите на Карпошани од самоволието на Јакимовски

  • Прес-конференција на претседателот на Советот на Општина Карпош од Левица Бранко Ристов:

,,Градоначалникот Стевчо Јакимовски против правно потпишал одобрение за спорната парцела на која е вцртана 28 катница. Овој акт претставува груба злоупотреба на службената положба и овластување, со тоа што Советот на Општина Карпош лани изгласа одлука за задолжување на градоначалникот и на Општината да запрат со издавање градежни дозволи, за забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП-от во тој предел.

Како резултат на самоволието на Стевчо Јакимовски најавувам дека Левица ќе ги превземе сите институционални и вонинституционални алатки. Пред се ќе поднесеме претставки до сите надлежни институции вклучувајќи го и Обвинителството. Но, ја најавувам и спремноста на нашите членови да застанат во жив ѕид во одбрана на Карпош од дивеењето на урбанистичката мафија.

Оттука ги повикуваме и останатите политички чинители кои декларативно се против ова бетонско чудовиште наместо да спинуваат во јавноста да се приклучат во борбата.”