Јанчев: Јас дадов и писмена изјава со Република Македонија

  • Фејсбук статус на Сашко Јанчев, пратеник во идниот состав на Собранието на Република Македонија

И јас кога станав советник во Советот на Општина Гевгелија дадов свечена изјава користејќи Република Македонија.

Ама па јас дадов и писмена изјава со Република Македонија, не само усна и затоа од СДС пробаа да ми го проблематизираат мандатот. И откако ме избраа за советник не славев роденден цел ден со амбасадорот на земјата која кумуваше на промената на името. И сум во партија која не ветува нова, условна, промена на Уставот.

Погодете кој се тогаш даде свечена изјава со Северна?

Хинт: ќе ја прават горда Македонија со нови уставни измени, ја игнорираат Македонската платформа на Левица, беа на гости кај Касами кој вика дека Македонија треба да биде трета албанска држава за да договараат нова Влада.

Уште има еуфорија, уште се тресе гората. Затоа не се гледа дека се роди глушец.