Мустафаоглу: Интересот е вечен, но мирната совест нема цена

  • Изјава на Дарја Мустафаогу од Левица

Интересот е вечен, но мирната совест нема цена.

Интересот е вечен пишува на влезот на Британскиот парламент, се разбира без втората придавка.
Кај нас веќе идеологијата скоро и да не постои. Десните отидоа во лево, левите спрема центар или обратно.

Над 30 години македонските гласачи по некое непишано правило гласат против, односно казнувајќи ја власта секогаш го одбираат помалото зло.

Гласањето од интерес беше присутно и на овие парламентарни избори, каде што дел од незадоволните барајќи удобна фотеља се приклучија кон некаква си коалиција или движење, произлезени од старите структури на матичната партија.

Дали во идина сме спремни за коренети измени, каде што ситно партиските интереси ќе ги надминеме, давајќи приоритет на државните зависи од сите нас.