Зомлот: Ако некој треба да биде осуден, тоа е “единствената демократија на Блискиот Исток”

  • Хусам Саид Зомлот, амбасадорот на Палестина во Обединетото Кралство, до Би-Би-Си: Ако некој треба да биде осуден, тоа е “единствената демократија на Блискиот Исток”- Израел

На интервју во живо со Би-Би-Си, кое што подоцна не беше објавено на никои социјални мрежи од страна на Би-Би-Си, Палестинскиот амбасадор Хусам Саид Зомлот изјави дека правата на Палестинците се веќе долго време ускратени, а западните мејнстрим медиуми користат опасна реторика која не ја прикажува целосната вистина за ситуацијата. 

“Не’ носите овде само кога се убиени Израелци. Дали ме поканивте овде кога Израел уби повеќе од 200 Палестинци на Западниот Брег само во последниве неколку месеци? Дали ме поканивте овде кога имаше Израелски провокации во Ерусалим?”

Зомлот тврди дека она што Израелците го имаат видено во последниве неколку денови, Палестинците го живеат повеќе од 70 години. 

“Колку пати сте интервјуирале израелски владини лица? Стотици? Колку пати Израел извршил воени злосторства пред вашите камери? Дали почнувате со тоа што барате од нив да ги осудат акциите на Израел? Од Палестинците секогаш се очекува да се осудат себеси.”

Зомлот бараше и еднаква примена на меѓундародните резолуции и закони, повикувајќи се на Западниот пристап на војната во Украина. 

“Дали би го донеле овде украинскиот амбасадор и би почнале да барате од него да ги осуди неговите борци? Треба да се погрижиме Израел да не е исклучок каков што беше во последните 75 години. Треба да се погрижиме никој да не е над законот.”

По случувањата во Палестина и Израел викендов, на неколку прилики мејнстрим медиуми канат палестински гости со надеж дека јавно ќе ги осудат акциите на Хамас. Неочекувано од нивна страна, палестинските гости во овие емисии го користат тоа време на емитување јавно да го осудат апартхејдот на Израел врз Палестина. 

Мустафа Баргути, претставник на демократското палестинско движење наречено Палестинска национална иницијатива, изјавува на интервју за Си-Ен-Ен:

“Мислам дека оваа ситуација што еволуираше е директен резултат на продолжувањето на најдолгата окупација во историјата – израелската окупација на палестинска земја.”

Мустафа Баргути за CNN: https://www.youtube.com/watch?v=SuWly7QeqKE&t=13s