Косачев: Москва и Белград мораат остро да одговорат на затворањето на воздушниот простор за Лавров

Синоќа беше објавено дека Бугарија, Црна Гора и Македонија одбија да го пропуштат својот воздушен простор авионот на Сергеј Лавров кој се упатил кон Белград на преговори. Според официјалниот претставник на МНР, Марија Захарова, на овој начин овие три земји затвориле уште еден канал за комуникација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ беше принуден лично да се справи со логистиката на посетата на рускиот министер. Но, ваквиот однос на овие балкански држави не остана без одговор од руска страна.

„Москва и Белград мораат крајно остро да одговорат на затворањето на воздушниот простор од страна на соседите на Србија за авионот на рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави потпретседателот на Советот на Федерацијата Константин Косачев.“

Тој смета дека овој демарш е насочен против Русија и Србија како држави.

„Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, не само во форма на дипломатски протести, туку и во конкретни практични одговори. За да не се повтори“, напиша парламентарецот Косачев на својот Телеграм канал.

Според него, одлуката на Бугарија, Црна Гора и Македонија да не го пропуштат авионот на рускиот министер не била независна.

„Овие три држави откако влегоа во НАТО, веќе подолго време го загубија својот суверенитет. Европската унија за нив – без разлика дали се членки или имаат кандидатски статус, е само покритие за оваа срамна одлука. Зборуваме за НАТО демарш, а без САД тоа не можеше да се случи“, убеден е Косачев.

Пратеникот смета дека НАТО со директно интервенирање во билатералните работи на Русија и Србија се обидува да го заземе и потчини остатокот од Европа. Следната фаза ќе биде проширување на целиот свет од страна на НАТО, каде Кина ќе стане стратешка цел број два по Русија.

Главниот проблем Косачев го нарече отсуството на суверенитет во „нотоцентристичка Европа“. Тој додаде дека сега Бугарија, Црна Гора и Македонија им се придружија на „гробарите на вистинскиот европски сон“.