Левица повика на јавна дебата за ДУП-от во Влае

  • Реакција на Мартин Димоски – член на Советот во Општина Карпош од редовите на политичката партија Левица

”Толку небулози и контрадикторности во едно писание… Навистина треба многу мислење за сето тоа да смести во еден комичен текст.

Интересно е што Комисијата за урбанизам е “згрозена“, а писателот на ова комично писание заборавил дека оваа Комисија е составена од по еден претставник на секоја советничка група во Општина Карпош. Меѓу нив и јас. Ама ете, ја не сум воопшто згрозен од обврската да се бранат интересите на жителите на Општина Карпош.

Но наместо да влегувам во структурата и содржината на ова писание, јавно го повикувам авторот на истото, “згрозените“ служби или иницијаторот на ова, да излезат во јавноста и пред жителите на Влае да дискутираме колку од ова е вистина или не.

Бегањето од тоа ќе фрли сомнеж дека некои општински структури наместо во служба на жителите се во служба на корпоративните интереси и урбанистичката мафија”. Напиша Димоски на својот фејсбук профил.