Апасиев ги повика партиите да го стават ДУИ во опозиција

По поднесувањето иницијатива за гласање недоверба на Владата, но и откако пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, изјави дека се залага за уривање на власта, но и дека нема да го стори тоа по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи испрати порака до Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса дека треба да ја искористат историската шанса и да ја стават ДУИ во опозиција.

Според Апасиев, ако партиите не ја искористат оваа шанса ДУИ да биде ставен во опозиција, тогаш веројатно на наредните избори истите ќе се соочат со пораз.

„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат), ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9. Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ“.