АктуелноЛокалноСтав

Јанчев: Фирма за депонирање отпад тужи активисти!

Членот на Централниот Комитет на Левица, Саше Јанчев, на својот профил повика на протест против најавениот закон за увоз на отпад за гориво. Протестот е закажан за утре, во 10 часот, во центарот на Гевгелија. Јанчев дополна дека контроверзната фирма за складирање отпад „Go Waste Solution”, тужи гевгелиско здружение кое се бори против ваквите екоцидни проекти. За оваа фирма реагираше и Левица, каде објави дека предлагачот на новиот закон за увоз на отпад, Каја Шукова (вработена во министерство за животна средина) истовремено е главен апологет во заштита на оваа приватна фирма.


Каја Шукова
Државен секретар во Министерство за животна средина и претседател на Комисијата за животна средина на СДСМ

Гевгеличани, Црни чуми ни висат над глава.

Владата сака во скратена постапка, со европско знаменце, да донесе закон со кој ќе дозволи увоз на ѓубре од земји од ЕУ и истиот тука да се преработува и складира. Со тоа Македонија сакаат да ја направат европска депонија.

Друга чума е што “наводно” нова фирма прави обид да го отвори рудникот на смртта во Казандол.

Третата е фирмата Г&О Вејст солушн, која имаше добиено дозвола за складирање и третман на ѓубре среде Гевгелија. Беа спречени од граѓаните и граѓанските здруженија и сега поради тоа го тужат гевгелиското здружението Чејнџмејкерс за клевета и навреда и бараат 300 000 денари отштета. Дополнително тужат и двајца наши сограѓани. Судско рочиште има утре во 10:00ч.

Затоа кој може утре околу 10 нека излезе на центарот во градот да даде подршка на нашите сограѓани и дополнително да учествува во акција за информирање на сограѓаните за чумиве кои ни демнат над глава.Чуми, соберете парталите и да ве нема од нашите огништа дур е време.Досега на Југоисток ниедна битка не добивте.

Не ја буткајте на сила оти тек тогаш ќе има плачки.СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!