(Видео) Македонската фудбалска репрезентација “Воини” – Краткометражен филм за Европско 2020 на Мартин Пресилски од Прилеп

Тоа што ние го сонувавме, вие го остваривме!“ – Приказна што пред само 5 години личеше на недостижен сон.
Краткометражен филм за Европско 2020 на прилепчанецот Мартин Пресилски, за Македонска фудбалска репрезентација “Воини”.
Во овој краткометражен филм кој вреди да се погледне повеќе пати авторот ни го доловува сонот кој стана реалност за македонските фудбалери, и целата македонска јавност.


„Како автор на ова дело го спремав од почеток на јуни, истражував, архивирав материјали и го работев тековно, се на се скоро месец работа. Желбата и мотивот ми се секогаш со иста и една цел, што подобра промоција на Македонија и македонскиот спорт.
Голема благодарност за придонесот на Димитар Петковски со видео материјали и Горан Талевски за постерот на видеото.“, изјави Мартин за Антропол.