(Видео) Апасиев: ДПМНЕ шверцува нерационализирана мегаломанска Влада

  • Говорот на Претседателот на Левица и лидер на опозицијата – Димитар АПАСИЕВ

„Почитуван Мицкоски, Вие како предлагач, не бевте координатор на претходниот парламентарен состав. Ние со вашиот координатор Мицевски имавме двегодишна пракса да поднесуваме закони со Република „С.“ Македонија. Таа пракса ја укина Џафери кога сакаше да ни ги фрли амандманите. Се сеќавам на една реплика, жолчна, на Вашиот сегашен координатор кога рече: ‘ние кога ќе дојдеме на власт, ќе ја вратиме!’ Еве, дојдовте на власт и одбивте амандман без Северна! – Значи, џам свиткавте, ништо не направивте!

(…) Воведувате пет нови министерства, од 15 министерства ги кревате на 20 министерства за неполни 2 милиони луѓе коишто останавме да живееме во оваа држава. Веднаш ќе ви кажам, најмалце четири од овие министерства ви се вишок.

(…) Доаѓаме до вмроидната мегаломанија. Не знам дали знаете дека историски: најголемата влада беше на Љубчо Ѓеорѓиевски со 27 члена, Груевски имаше со 26 члена, Мицкоски – ќе видиме. Се надевам, нема да имате 30 члена да ги надминете вашите ментори.

Колку за споредба: Франција има 15 министерства, Германија има 14 министерства, Словенија има 14 министерства, Италија има 13 министерства, Белгија има 12 министерства… Јас ви тврдам, оптималниот број на министерства во Македонија е 14!“