Широката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ја потврдија соработката во Карпош

  • Фејсбук статус на Ивана Стоименовска – Советник од Левица во Општина Карпош.

Откако Претседателот на Совет одби да свика седница за гласање на ДУП-от на Пуцко, и советниците на Левица не сакаа да учествуваат на истата и да бидат соучесници во носење на ДУП кој е штетен за граѓаните а во служба на капиталот и криминалот, денес градоначалникот на Карпош сам ја свика седницата како ИТНА, на која со 16 гласа ЗА гласаа ВМРО, СДС И ГРОМ.

Да нагласиме дека пред да се свика седницата бевме и уценувани од државен правобранител за сносење на кривична одговорност ако не гласаме „ЗА“.

Левица секогаш ќе работи во служба на граѓаните и ќе ја обелоденува секоја валкана игра на партиските профитери на кои очигледно им е важен само својот интерес. Уште еднаш СДС и ВМРО покажаа дека се во основа се иста партија, партија на крупниот капитал.