(Видео) Крмов: Режимот на ДПМНЕ почна уште пред да се избере Влада

  • Говор на пратеникот Борислав КРМОВ – за начинот на кој коалицијата на ДПМНЕ, ДУИ, ЗНАМ и ВРЕДИ доцна во ноќта го прошверцуваа ЗОРОДУ:

,,Типот на работење на Талат Џафери вие го унапредивте и надградивте! Уште не сме почнале, практично, немаме ниту Влада. До вчера се буневте за сите работи кои ги правеше Талат Џафери, сега сте бетер!

Прво, на конститутивна како избравте претседател на Собрание! Наместо првиот ден да биде свеченост, вие направивте од тоа Седница. Ја пуштивте неговата биографија, ја пуштивте на Дневен ред – вие пуштивте сè на брза лента! Две минути беше претставувањето на кандидатот. Ниту еден од неговата партија, ниту еден од неговата коалиција не зема збор за него да каже! Ова е брука и срамота, ја потценувате институцијата Претседател на собрание.

Втората седница ја закажувате од среда за петок, што е директна колизија со член 74 став 1. Вие ќе толкувате како поранешниот претседател Џафери, со тоа – исклучокот станува правило и сè ќе биде итно – немате аргументи.

Вчера правите циркус, го повлекувате во 22:20 вечерта Законот, правите некоја си измена, наместо таа како што треба да се случи на Комисијата за политички систем. Зошто не го направивте тоа? Затоа што ако беше на Политички систем, се плашите дека Левица ќе ви го блокира.

Потребата за скратена постапка се гласа пред дневниот ред. Ние ја гласаме скратената постапка, и претседателот вели: ,Ги задолжувам комисиите за политички систем и ЗПК да работат на Законот!’ Тие две комисии не беа формирани, точката два беше отворена. Во тој момент, комисиите не постоеја, што значи – целата седница ви е ништовна.

Ако погледнеме, горе нема новинари! Не битно што е доцна, сме имале вакви дебати, како што кажав и до 7 часот наутро и имало новинари, секогаш била ложата полна. Сега нема никој! Јас се прашувам дали режимот почна уште пред влада да се избере?!”