Османи контрадикторен: во една изјава вели дека има фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот – во друга вели нема фуснота

За помалку од 24 часа, Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, излезе во јавноста со две спротивставени изјави. Во првата изјава од 01.07.2022 која ја даде на средбата со претставниците на медиумите, рече дека ќе стои фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот:

Во преговарачката рамка со ЕУ сега има чиста формулација на македонскиот јазик, само со забелешка на бугарскиот претставник кој ќе влезе во записникот. Само еднаш ќе има фуснота дека Бугарија нашиот јазик го смета за дијалект на бугарскиот – изјави Османи вчера.

Денес, ден подоцна, 02.07.2022г, во обраќањето пред медиумите, министерот Османи повторно контрадикторно појаснува дека фуснота нема, но дека ќе стои само една „ѕвездичка“:

Сите шпекулации дека Македонскиот јазик има фуснота се лажни. Секогаш кога ќе се спомене македонски јазик во ЕУ, ќе стои само еднаш ѕвездичка и долу да има „за Бугарија тоа не е прифатливо“.

Според изјавата на Османи, за него е одлична прилика прифаќањето на Рамката, бидејќи македонскиот јазик е прифатен, иако долу ќе стои фуснота („ѕвездичка“, како што изјави тој), дека за Бугарија е неприфатливо тоа и дека македонскиот јазик се смета за бугарски дијалект.