Говорот на Сталин од 1945 година по повод победата над фашизмот

Другари, сонародници и сонароднички. Дојде големиот ден на победата над Германија. Фашистичка Германија е на колена пред Црвената армија и нашите сојузнички трупи. Таа го призна поразот и објави безусловна капитулација.

На 7-ми мај, во градот Ремс беше потпишан прелиминарниот протокол за капитулација. На 8-ми мај, претставниците на германската Врховна Команда, во присуство на претставници на Врховната Команда на сојузничките сили и на Врховната команда на советските сили, го потпишаа последниот акт за капитулација во Берлин, чие извршување започна на 8-ми мај од 00:00 часот.

Знаејќи ја волчјата навика на германските авторитети, кои, согласувањата и договорите ги сметаат за празна хартија, немаме причина да им веруваме на нивниот збор. Меѓутоа, утринава, по чинот на предавање, германските трупи почнаа масовно да го положуваат оружјето и да им се предаваат на нашите војници. Ова веќе не е само обично парче хартија, ова е вистинско предавање на вооружените сили на Германија. Само уште една група германски војници во регионот на Чехословачка сè уште одбива да се предаде. Но, се надевам дека Црвената армија ќе успее да ги вразуми.

Сега можеме со целосна сигурност да констатираме дека дојде историскиот ден и конечното разбивање на Германија, денот на големата победа на нашиот народ над германскиот империјализам.

Големите жртви што ги дадовме во име на слободата и независноста на нашата татковина, непроценливите маки и страдања кои ги доживеа нашиот народ за време на војната, напорната работа, во одбрана и во напад, дадени пред олтарот на татковината, не беа залудни, тие се крунисани со целосна победа над непријателот. Вековната борба на словенските народи за свое постоење и своја независност заврши со победа над германските освојувачи и германската тиранија.

Отсега понатаму, над Европа ќе се вее големото знаме на слободата и мирот меѓу народите.

Пред три години Хитлер на светот му соопшти дека неговиот план вклучува распарчување на Советскиот Сојуз и одронување на Кавказ, Украина, Белорусија, балтичките држави и другите региони од него. Тој отворено изјави: „Ќе ја уништиме Русија за таа никогаш повеќе да не се крене“. Тоа беше пред три години. Но, лудите идеи на Хитлер не беа предодредени за да се остварат – текот на војната ги претвори во прашина. Всушност, испадна нешто сосема спротивно од она по што нацистите беснееја. Германија е целосно уништена. Германските трупи капитулираат. Советскиот Сојуз слави победата, но нема намера да ја распарчи или уништи Германија.

Другари! Големата Татковинска војна заврши со наша целосна победа. Периодот на војни во Европа заврши. Започнуваа период на мирен развој. Ви ја честитам победата, драги сонародници и сонароднички.

Слава на нашата херојска Црвена армија, која ја зачува независноста на нашата татковина и издвојуваше победа над непријателот!

Слава на великиот наш народ, народ-победник!  Вечна слава на хероите кои паднаа во битка против непријателот, и ги дадоа своите животи за слобода и среќа на нашиот народ!