Прогласот на АСНОМ за капитулацијата на Бугарија: „Фашистичка, империјалистичка Бугарија зaгина од Балканот за секојпат!”

По повод Денот на победата над фашизмот, го објавуваме Прогласот до македонскиот народ, издаден по повод капитулацијата на Бугарија од страна на Президиумот на АСНОМ.


„Пред победоносниот поход на геројската Црвена армија, отпадна од крвавиот Хитлеров сојуз и фашистичка Бугарија – таја гнасна слугинка на империјалистичка Германија која повеќе од три години го поробуваше и грабеше македонскиот народ. Јуначката тригодишна борба, која македонскиот народ , заедно со братскиот српски народ, ја водеше против бугарските фашистички хорди, што јурнале во македонската и српската земја да колат и грабат за сметка на берлинските банкари и барони, заврши со голем успех. Разјадена од силните удари на нашата Народно-ослободителна војска на Југославија, бугарската заевателна клика, на чело со Кирил Филов и Михов, не можеше да се одржи пред општенародниот борбен вал на братскиот бугарски народ, кој одлучно ја зеде судбината на Бугарија во свои раци.

Фашистичка, империјалистичка Бугарија згина од Балканот за секојпат!

Нашата славна Народно-ослободителна војска на Македонија веќе ослободи голем дел од нашата татковина! Со тешки борби и смели дејствија она ги избрка бугарските фашистички окупатори од Македонија!… По родната ни земја не гази повеќе бугарската окупаторска чизма…. Бугарската војска во Македонија загубила секаков морал поради дофчерашната окупаторска, плјачкашка служба, која ја вршеше за есап на Германците, раководена комај си од фашистички офицери, до крај ја одигра својата предателска улога, против македонскиот народ. Петата бугарска армија, која се навоѓаше во Македонија, не застана да се бори заедно со нас против Германците, ами направи споразум со нив и им го предаде оружието и власта во некои македонски градови.

Благодарејќи на това, Хитлеровите банди сѐ оште седат во нашето Скопје. Они, со помош на професионалниот терорист Ванчо Михајлов, воражуват качашки албански банди за борба против нашата Народно-ослободителна војска на Македонија, сакајќи без пречка да се провлечат низ Македонија и се измакнат од Балканот, од клештите во кои ги стега мошната Црвена армија, англоамериканските војски и нашата Народно-ослободителна војска на Југославија…         

…Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ама ги превземат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Они изнајдуват нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да го поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ, готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар.

Од друга страна, това исто се готтви и од најголемиот издајшки слуга  на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство. Co подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 година Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера.

Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ…

Целото македонско стопанство беше подложено на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во најверни кучина на Хитлера… Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, иа друга страна се полнеа зандаиите со чеоните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизиторски методи се мачеа народните борци. Крвожедниот фашиски окупатор трша кон физичко истребуване на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили…“.

…По родната ни земја не гази повеќе бугарска окупаторска чизма. Ама, Македонија уште не е целосно ослободена!

….За успешното и крајно исполнување на историските задачи кои денес стојат пред тебе, – да сочуваш и изградиш македонската држава, да ги мобилизираш сите чесни луѓе во Македонија, без оглед на нивното политичко, верско, друштвено и народносно определение, сите кои Македонија ја сакаат како свое родно огниште, сите кои имаат желба да работат за доброто на македонскиот народ. Под крилото на народно ослободителниот фронт на Македонија требе да најдат место и онија твои досега заблудени синови кои не носат на својата душа народна крв. Народно-ослободителниот фронт на Македонија требе да стане величествена манифестација на твојата единствена, цврста воља да живееш слободно и човешки.

Создавај по сите села и градови органи на своето борбено единство, одбори на Народно-ослободителниот фронт на Македонија!

Направи од Народно-ослободителниот фронт на Македонија сигурна, не разрушива, поткера на младата македонска држава, гаранција за нашата слобода и нашето обединуење‘‘