Обид за апсење на граѓани во Охрид на протестот против отварањето на фашистичкото здружение „Цар Борис III”

На денешниот протест организиран од страна на Левица против отварањето на фашистичкото здружение „Цар Борис III”, илјадници граѓани се собраа пред истоименото здружение да го искажат својот револт против бугаризацијата. Со транспаренти, пароли се испраќаат пораки „Предавници, фашисти, клети врховисти”, „Не за бугаризација” „Не за бугарскиот Хитлер”.

Како што добивме информации од Охрид, полицијата во еден момент се обидела да уапси еден од пристутните на протестот од засега непознати причини.

Истовремено за време на протестот се отвара здружнието каде што се пристуни основачите и нивни поддржувачи.