Мециновиќ: Интересите на трудот ги ставивте под интересите на вашето милионерско размислување

Date:

  • Говор на Амар МЕЦИНОВИЌ – народен пратеник и портпарол на Левица:

,,Вие настапивте со парола која велеше ,Македонија повторно твоја’, имплицирајќи на народот. Но, дали Македонија е сега на експертската јавност која е во овој процес потполно заборавена? Дали Македонија е на академската фела која се бави со оваа проблематика и која требаше да се вклучи во една ваква одлука?

Јас верувам дека не е! Туку е повторно зграпчена во канџите на политичката и бизнис – елита, која сега го смени рувото за да го носи дресот на ДПМНЕ. Истата политичка елита која го поддржува триглавиот кербер на трите партии кои владеат со нас, а се чувари на пеколот во кој го имаат втурнато македонскиот народ!

(…) Вие, драги колеги, се однесувате како да имате божји мандат, а не народен мандат! Во Македонија овој парламент не е на народот, туку на авторите на вашите законски решенија, на вашето парламентарно мнозинство кое одлучи во три саат сабајле да ја менува структурата на државниот апарат и најбитно – на елитата која ве спонзорира.

Очигледно е дека овие реструктуирања се битни за вашите министерски места да можете да ги подмирите помеѓу коалицијата, но она што не се збори е дека на брза лента сè ставаме, затоа што треба да се подмират долговите кон елитите кои вас ве спонзорираа. Вие ова го правите за да може да отпочне шемата на оддолжување.

Економскиот развој го поимате преку кварталните извештаи на вашите фирми и на фирмите на блиските до вас. Така ја поимате економијата, ако имаме профит тоа е тоа – економијата расте. И вие, интересите на трудот ќе ги ставите под интересите на вашето милионерско размислување!”

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...