Државен удар во Габон – Соборен уште еден профранцуски Претседател

Воени офицери објавија на националната телевизија во Габон дека ја презеле власта во земјата. Тие кажаа дека ги поништуваат резултатите од саботните избори, на кои за победник беше прогласен претседателот Али Бонго. Опозицијата тврдеше дека изборите на кои што Бонго освоил околу две третини од гласовите се наместени.

Соборувањето на Бонго би значел крај на 53-годишното владеење на неговото семејство во западноафриканската држава богата со нафта. Тој дојде на власт по смртта на татко му Омар во 2009 и веќе преживеа еден пуч пред четири години.

Али Бонго, претседателот на Габон, помина 14 години на оваа функција, но по неодамнешниот реизбор, тој беше уапсен од вооружените сили на земјата, беше уапсена и целата Влада и беше најавено распуштање на институциите на моќ. Армијата најавији и затворање на границите и поништување на изборните резултати.

Илјадници жители на Габон излегоа на улиците по пучот, атмосферата беше празнична. Француската рударска компанија Ерамет објави прекин на работата во Габон. Франција внимателно ја следи ситуацијата во Габон по пучот, изјави премиерката Елизабет Борн.

Нашата дипломатија оваа година се соочи со многу кризни ситуации… Денес на Франција и се потребни своите дипломати повеќе од кога било“, истакна премиерката.

„Одлучивме да го браниме мирот така што ќе ставиме крај на сегашниот режим. Неодговорното и непредвидливо управување со земјата резултираше со континуирано нарушување на социјалната кохезија, што ја водеше земјата во хаос“, изјави еден од војниците.

Франција и нејзиното влијание во Африка е разбиено. После ЦАР, Мали, Буркина Фасо и Нигер, сега и Габон. Габон е земја богата со нафта, злато, уран, дијаманти.