Се гледа крајот на оваа плава орда која ја узурпира власта

Став на Реџеп Исмаил (Хактан), член на Президиумот на Левица.


И пред вас „ние поверувавме“ ќе речат. Но кога со своите демони/лидери ќе османат „ич шубе да немате, ние со вас сме“ ќе продолжат. (Куран)

Без сомнеж веќе се гледа крајот на оваа плава орда која ја узурпира власта, и која за своите лични, тесно-семејни интересни ја загрози иднината на сиот народ во Македонија. Но исто така приметувам како одреден ешалон, кој како шлајм се закачи на ваквата граЏанска збирштина сега пробува да си ги очисти своите руби од валканиците во кои со години учествувале само со тоа што ќе ја протресе прашината од своите раменици! Се надевам дека тоа повеќе нема да помине кај народот, оти тоа така веќе не оди, повеќе го немаме луксузот да избереме помало зло!

Оние „партии“ што сега ги гледате кои бараат некаква банална и тривијална причина да кажат „доста“ се токму тој елемент кој го легитимира злостроството на владеачката елита – тие се тампон зоната помеѓу главните виновници. Имено, токму тие се ликовите кои немаат никакви морални обзири за тоа што во целост прави владата, туку затскриваќи се зад некаков си идеолошки партикуларен интерес на својата партија ги реализираат само своите лукративни цели па колку и тие да се на штета на сите околу. На крај краева сетете се дека токму тие беа „добитната“ комбинација и главна пропагандна машинерија на Преспанскиот договор и на многу други штетни политики претходно од осамостојувањето до денес.

Освен ваквите привезок партии гледам дека и внатре во Плавата орда од сон се разбудија и „бивши крила“ кои се’ погласно и поотворено негодуваат на Заев повикуваќи на негова оставка. Не може така другари/ки, таа партија во целост не ја бива, нема никаква идеологија, од самиот старт е поставена на гнили, мафијашки и шупливи темели. Во таа партија не може да има реформа, оти ако првиот ешалон е бизнисмени вториот се нивни интелектуални курви, третиот се граЏански маскирани шовинисти и иредентисти, четвртиот просечна-платени социјални демони, а петтиот прибежиште на НГО странски цинкароши и некадарни уметници!

Сега разбирам зошто на времето кога, чинам Гордан Ѓорѓиев се кандидираше за претседател на партијата со една цел – „јас се кандидирам за претцедател за да можам да ја распуштам партијата, целосно да ја демонтирам таа повеќе да не постои“. Но сепак би З.З. избран за претседник. Така да, за партија купена со пари сосема логична е последицата да истата ја поткупи и власта а оттаму и сето она кое околу нејзе гравитира.

И после се’, кога доаѓа време за финансиерот да си ги врати вложените средства тогаш тој наплаќа сурово и повеќекратно.