БРИКС со значително повисока прогноза за раст во споредба со Г7

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги објави прогнозите за раст на реалниот бруто-домашен производ (БДП) за 2024 година, па додека глобалниот раст се предвидува да остане стабилен на 3,2 отсто, различните големи нации забележуваат опаѓачки прогнози.
Проекциите за економскиот раст на ММФ за големите нации се мешани, при што се предвидува дека повеќето земји од Г7 ќе имаат побавен раст во 2024 година во споредба со 2023 година, а земјите од БРИКС – подинамичен економскиот раст.


Само три земји од групацијата БРИКС (поканети или членки на БРИКС), како што се Саудиска Арабија, ОАЕ и Јужна Африка, имаат повисоки проектирани стапки на реален раст на БДП во 2024 година од минатата година.


Се предвидува дека Кина и Индија ќе одржат релативно повисоки стапки на раст во 2024 година од 4,6 отсто и 6,8 отсто соодветно, но во споредба со претходната година, Кина расте за 0,6 процентни поени побавно, додека Индија е цел процентен поен побавно.
Од друга страна, четири нации на Г7 треба да бидат подобри во споредба со минатата година, вклучувајќи ја и Германија, при што таа се враќа од негативниот реален раст на БДП од -0,3 отсто во 2023 година.

И покрај претежно пониските прогнози за раст во 2024 година во споредба со 2023 година, земјите од БРИКС сѐ уште имаат значително повисока просечна прогноза за раст од 3,6 отсто во споредба со просекот на Г7 од 1 отсто.


Додека комбинираниот БДП на земјите од Г7 е околу 15 трилиони долари од земјите на БРИКС, со континуирани повисоки стапки на раст и потенцијал за додавање повеќе членки, БРИКС се чини дека најверојатно ќе го надмине Г7 по економска перформанси во рок од две децении.
Неодамнешното проширување на БРИКС малку беше неискоординирано, со оглед на поканата кон Аргентина и нереализираност на истата таа, додека Саудиска Арабија појасни дека земјата сѐ уште ја разгледува поканата за приклучување кон БРИКС.


И покрај овие првични неусогласености, министерот за надворешни работи на Јужна Африка, Наледи Пандор, неодамна за јавноста изјави дека „34 земји поднеле апликации за приклучување кон растечкиот блок БРИКС“.
Какви било промени во групата, најверојатно, ќе бидат објавени пред или на самитот на БРИКС во 2024 година, кој ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казањ, Русија.

Текстот е превземен од novamakedonija.com.mk