Каква штета трпи македонското овоштарство заради санкциите на СДС и ДУИ кон Русија?

Пред и по почетокот воената интервенција во Украина, кон Руската Федерација се воведени дури 11.000 разни санкции од страна на Европа и Западот, кон кои се придружи и Македонија. Овие санкции, добија неминовен контра ефект и за Колективниот Запад и за Македонија, кои најмногу ги чуствуваат последиците од истите.

Минатата година 2023 воопшто немало извоз на јаболка во Русија. Во 2020 година, пред руската забрана за увоз на македонски јаболка како одговор на нашето придружување на санкциите биле извезени јаболка во вредност од близу 13 милиони евра, или една половина од вкупниот извоз на јаболка. Македонскиот извоз предтпе пад од 11% на вредноста на извозот на овошје во 2023, или пад од 26% на извезените количини.

Според податоците од ДЗС, вредноста на македонскиот извоз на овошје во 2023 годинаа изнесувала 44,7 милиони евра, што е за 11,5% помалку во споредба со 2022 година (50,5 милиони евра).

106,6 милиони килограми овошје произведено во Македонија лани било извезено на странските пазари, што е за 26% помалку во споредба со претходната 2022 година (144 милиони килограми овошје). Главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија е производството на јаболка, при што минатата 2023 година биле извезени јаболка во вредност од 14 милиони евра, што е за 8,2% помалку во споредба со 2022 година (15,3 милиони евра).

Македонското овошје лани се продавало на 40 странски пазари, од кои најголем пазар била Србија, каде се продадени 25,2 илјади тони овошје. Извозот на овошје главно е намалено поради тоа што е исклучен од листата рускиот пазар. Во 2022 година, Русија била најголем извозен пазар со извоз на овошје вредно 12,5 милиони евра, што е очигледно дека губитокот од овој пазар тешко се надоместува.

Државата бележи огромен број на индиректните штети, заради драстичните поскапувања на енергијата, храната, суровините, имајќи предвид дека нашата економија е силно извозно зависна.