Левица: Унифицираниот учебник е удар врз кохезијата на државата

  • Реакција на политичката партија Левица

Министерот Јетон Шаќири не успеа да обезбеди учебници за учениците – на почеток од оваа учебна година, учениците од повеќе одделенија, меѓу нив и првооделенците, добија скрипти.

Сепак, за првооделенците од наставната програма на албански јазик се обезбеди контроверзен унифициран буквар за првачињата од Албанија, Косово и Македонија. Со оглед на законските препреки и преседанот што се прави, кој министерот најпрво помпезно го најави, по неколку дена го прогласи за дидактички материјал, се поставуваат низа прашања.

Редовната процедура за избор на учебник подразбира најпрво да се изготви наставна програма од БРО, а потоа МОН, односно Педагошката служба при МОН треба да распише конкурс за избор на учебник. По завршувањето на конкурсот изборот на учебник го врши трочлена рецензентска комисија избрана од МОН исто така по пат на конкурс.

Каков тип на дидактички материјал е овој учебник? Низ каква постапка е извршена набавката? Како се најдени средства за набавка на „дидактички материјал“ од странство, ако се земе предвид дека веќе две години нема учебници од странство за предметот Англиски јазик?

Дали зад наивните изјави дека главна заложба е децата да учат се крие намера за градење паралелен образовен систем во државата?

Паралелното општеството кое се гради на штета на заедништвото на народите од Македонија, е со цел да се подели општествениот плен на два табори во кои одделено ќе владеат двата збира политичари – до конечно разобличување на државниот карактер на Македонија, и исполнување на надворешни агенди.