Ванковска: Не смееме да бидеме кираџии во сопствената татковина

Во како што го нарекуваат во партијата „Бастионот на Левица“ – Аеродром, се отвори подрачна канцеларија во Лисиче. На настанот присуствуваше Претседателот на партијата Апасиев, но и дел од кандидатите за пратеници на партијата Левица. Во обраќањето пред присутните, претседателскиот кандидат Билјана Ванковска потенцираше дека со политичките поделби, Македонците станаа подстанари во сопствената држава.

Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија. Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава. Ние се бориме за себе, за Македонија, за Македонците. Ние веќе мораме на сите да им се извинуваме за тоа што сме Македонци, истакна Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица, на средба со граѓаните во Долно Лисиче.

Ванковска на средбата ја промовираше и претседателската програма. И пред граѓаните на Лисиче ја истакна цврстата определба за раскинување на трите договори кои не и донесоа ништо добро на Македонија, како и за носење на нов Устав.