Ванковска: Кодексот за фер и демократски избори е празно слово на хартија

Лично како професор и кандидат ќе ги почитувам стандардите, но правната битка ќе ја водиме жестоко, вели Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на Република Македонија.

Јас поднесов претставка пред Уставниот суд, а денес овластивме адвокат кој ќе покрене судски постапки против ДИК и АВМУ.

Се работи за дискриминаторската распределба за она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните, додава таа.