(Видео) Крмов го најави Пленумот на Левица

Во емисијата ,,Аргумент плус” на ТВ24, пратеникот од Левица Борислав Крмов го најави претстојниот редовен Пленум на партијата закажан за 2-ри декември во Скопје.

На Пленумот се носат статутарни измени, но, веднаш потоа ќе се случи и реизбор на Президиумот на Левица како и на Претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев.

Во склоп на Пленумот, ќе вгостиме и соработници од Република Македонија, како и од странство, вклучувајќи ги европратениците од Република Ирска, Клер Дејли и Мик Волас.

Со овој настан започнува и мобилизацијата за претстојната изборна сезона!