Ванковска: Санкциите кон Русија најскапо ги платија ресенчани
На вчерашниот собир во Ресен, кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, се осврна на проблемот со откупот на земјоделските производи.
,,Примарно, не можеме ние како коцкари да го ставаме целиот влог на една карта! Се поставува прашањето: ако досега јаболките одеа масовно во Русија, на која и поставивме санкции, каде се сега нашите западни сојузници?
Можеа нашите западни “пријатели“ да помогнат со пласманот, или пак да не противречат кога си бараме самите чаре на другите страни од светот! Мора самите да си ја креираме политиката на пласман инаку овошките ќе овенат, луѓето ќе си заминат, а ние како држава ќе ги изгубиме перспективите!“
Носителот на листа во ИЕ5 – Јована Мојсоска изјави дека на овие избори Левица ќе настапи со автентична Програма од преку 1000 мерки, со Програма која е радикална, затоа што радикални се условите во кои живееме. Левица на овие избори настапува со сите оние предлози кои ги поднесе во Собранието, а власта на СДС и ДУИ ги одби.
Иако СДС ветуваше гарантиран откуп за земјоделските производи, токму Левица поднесе предлог-закон за гарантиран откуп кој СДС го ОДБИ.
Левица поднесе и предлог-закон за платено здравствено осигурување на жените-земјоделки, затоа што нечовечно е во 21 век жените да немаат здравствено осигурување, но партиите на власт немаат интерес да го заштитат трудот на оние кои ја хранат државата.
Затоа од црвен Ресен почнува бранот на промената, велат од Левица.