Османи: Согласно Преспанскиот договор Македонија нема да се грижи за своите малцинства

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи Македонија не е должна да се грижи за националните малцинства. Оваа одлука е резултат на Преспанскиот договор, кој предвидуваше да биде избришан членот од Уставот кој предвидува државата да се грижи за малцинствата во другите земји.

„Декларацијата од 1999 година и Договорот од 2017, каде истиот член е префрлен таму кој гласи – ништо во нашиот Устав нема да се интерпретира како мешање во внатрешните работи на Бугарија по однос на граѓани кои не се наши државјани. А после уставните измени и после Преспа избришан е членот во кој што државата има обврска да се грижи за македонското националното малцинство.“

За барањето на источниот сосед, Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, за кое Ковачевски кажа дека е прашање на време, Османи најави дека работните групи ќе разговарале следната недела.

Што се однесува до барањата на бројни експерти да се забрани работата на Комисијата за историски прашања, Османи вели дека тоа би било минирање на Договорот за добрососедство, и побара од историчарите да не се мешаат во политичките прашања, но и од бугарските политичари, да не се мешаат во работата на мешовитата комисија.