Промоција на првата и единствена Aнтологија на македонската слем поезија
22. јуни 2022 година, 19:19 часот
Салон 19:19
Културно информативен центар – Скопје
Бидете дел од промоција на првата и единствена Антологија на македонската слем поезија во уредништво на Елена Пренџова и во издание на „Театарска работилница – Прилеп“. Во антологијата се поместени слем-песни од 10 слемер(к)и кои од самите почетоци на слемот во Македонија најактивно и континуирано настапувале на слем-настаните во организација на „Театарска работилница – Прилеп“ и Поетри слем Македонија, а при тоа достигнале уважени признанија и го промовирале македонскиот слем во странство: Цветанка Колева, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јовановска, Исток Улчар, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Афродита Николова, Аница Блажевска и уредничката.
На промоцијата ќе настапат застапените слемер(к)и и замислена е како пријателски слем-натпревар во формат на натпреварите на националните избори што секоја година се одржуваат во Прилеп на 10, 11 или 12 октомври (датумот се поклопува со Денот на востанието на Македонија, кој посебно се прославува во Прилеп). Настанот е со влезници, а влезница ќе претставува секоја купена книга во издание на „Театарска работилница – Прилеп“, вклучително и слем-антологијата и слем-зборниците од националните избори, а средствата собрани вечерта ќе одат за поддршка на слем-сцената во Македонија.