Министерот Милевски наместо да шири лажни информации треба да си даде оставка после поразот

Статус на Гаврил Трајковски, советник од Левица во општина Битола.


Министерот во обид Милевски сеуште го чува своето место без разлика што граѓаните не му дадоа поддршка на локалните избори. Со постот пред неколку дена со лажни информации за тоа како советниците на Левица во Битола потпишале свечена изјава со придавка Македонија, министерот во обид уште еднаш докажа дека ЛДП како партија се комбе партија во јатото на СДС. За тоа најголем доказ се локалните избори на кои ЛДП освои 1 советник и 3000 гласа за градоначалник. Кога си лузер, правилно е да се повлечиш, но апетитите се големи па затоа министерот сеуште е залепен за фотељата и се би дал да остане таму.

Би го замолил како во сите општини, така и во Општина Битола да прати инспектори и да утврдат дека советниците на Левица го испочитувале Законот за Локална Самоуправа, Статутот на Општина Битола и Деловникот за работа на Советот Општина Битола. Каде според Член 38(Заклетва) од Законот за Локална Самоуправа гласи: ‘Новоизбраните членови на конститутивната седница на советот даваат и потпишуваат свечена изјава, која гласи: “Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член во советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија”. ‘

Не постои инспекторат за спроведување Устав, за тоа е надлежен Уставниот суд или собранието доколку изгласа промена на Законот за Локална Самоуправа. До тогаш останува во сила овој закон и треба да се почитува. Истото стои во Статутот на Општина Битола според Член 21 и Деловникот за работа на Советот на Општина Битола според Член 16.

Околу правото на глас во советот, најмалку Милевски е оној кој може да ни го одземе тоа право, затоа што граѓаните ни го даваат мандатот а верификационата комисија го верификува мандатот според уверението од ОИК. Се надевам следен чекор за нашиот Министер би била оставката и онака само неа ја заслужува со оглед дека не направи ништо за Битола и битолчани.