По иницијатива на Левица најавена донација за настраданите во Палестина

  • Соопштение на Левица – ЛО Свети Николе

На 38-мата Седница на Советот на Општина Свети Николе, Советникот од Левица го искористи своето деловничко право и побара на дневниот ред да биде доставена дополнителна точка која гласи: „Испраќање на хуманитарна помош (финансиски средства) за настраданите цивилни жртви, жени и деца во Појасот Газа во висина која ќе ја определи градоначалникот на Општина Свети Николе“.

По сугестијата дадена од Службите дека во буџетот до крајот на годината не може да биде извршен ребаланс и дека не постои ставка во која можат да бидат префрлени средства за донација, беше предложено иницијативата да се земе во предвид при креирањето на новиот буџет за 2024 година и во истиот да се превидат средства за донација. Со ова решение би било овозможено уште на првата Седница во јануари, да биде извршена донацијата за настраданите цивили во појасот Газа.

Ваквиот предлог беше прифатен од страна на Советникот од Левица, а точката повторно ќе биде предложена на дневен ред во јануари, за кога очекуваме иницијативата да биде прифатена, бидејки при дискусијата за оваа точка не беше искажан став од Советниците против испраќањето на оваа донација.