Исмаил: Со пари од странство државата се бори против „странска пропаганда“

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – член на президиумот на Левица, по однос на објавената обука за борба „против странска пропаганда и дезинформации“ која е финансирана токму од странски фондови и амбасади.

Додека се бара исчезнатата малолетничка, која патем, во последните три години е 72-риот исчезнат малолетник, ние сме горда земја членка на НАТО, поклонуваме оружје и пари на Украина, тренираме украински резервисти, ја санкционираме Русија, ја гушиме иницијативата „појас и пат“ на Н.Р. Кина, ги откажуваме инфраструктурните проекти со Кина, примаме косовари во државни болници како да се осигуреници во Македонија па и „још одозгоре од тога“ – како повластени лица да се, Министерката за одбрана Славјанка, „дискутира“ на дискусија посветена на „штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи„ организирана од НВО Нексус – под покровителство на НАТО, ЕУ, барајќи да се бугаризираме, прави конференција во Скопје на тема „Справување со дезинформациите“, Германија бара „Поголем ангажман против руските дезинформации“, американскиот државен секретар и генералниот секретар на НАТО ни порачуваат да се од Руско и Кинеско влијание…..

ЗНМ лабаво си врши тренинзи “против странска пропаганда“, како дел од својата „програма“ (читај, агенда) финансирана од амбасадата на САД?!