Се собираат потписи против укинувањето на учебници

Во групата „Учебници и настава мора да има”, која брои 70.000 членови, денес беше најавен прес пред МОН, каде ќе бидат изнесени барањата на иницијативата. Во објавата стои дека од 10 до 14 часот денес ќе биде поставен пункт за собирање пописи против донесувањето на новиот Закон за учебници.


Почитувани членови,

Денес 28.04 ќе се одржи ПРЕС пред МОН на којашто ќе се изнесат нашите барања. Од 10-14 часот ќе биде поставен пункт каде ќе можете да го дадете својот потпис во знак на поддршка на барањата.

Потребни се минимум 100 потписи за барањето да влезе во Собрание и да се стопира гласањето на законот. Ова е еден од најважните моменти да ја покажеме нашата решителност и опстојност. Затоа ве замолуваме сите членови од Скопје да најдат време и да го дадат својот потпис.