74 малолетници пријавени за исчезнати минатите три години – Македонија без систем за брзо алармирање
Случајот со исчезнувањето на 14 годишната Вања ја разбранува македонската јавност. Девојчето тргнало вчера на училиште во 7 часот и 30 минути и оттогаш и се губи секаква трага. Девојчето исчезна среде бел ден во центарот на Скопје во населбата Дебар маало во центарот на градот. Полицијата веднаш ги активираше сите ресурси, разговарано е со повеќе лица, прегледани се снимки од камерите на околните локали и продавници, а по Вања се трагаше и цела ноќ. Во потрагата се вклучија и роднини на семејството, но од утринава и нејзини соученици кој лепеле постери нив центарот на градот во обид што повеќе луќе да видат и ако некој има информација да и јави на полицијата.
Целосно стана на нозе и цела интернет заедница во Македонија. Илјадници луѓе на Фејсбук ја споделија информацијата дека е исчезната малолетната Вања. Кога некој ќе исчезне во Македонија, според досегашната пракса, блиските прво бараат помош од социјалните мрежи. Се објавува апел со фотографија, податоци каде и кога исчезнал и како бил облечен, како и телефонски броеви на кои можат да се јават граѓаните ако имаат некоја информација.
Сепак мора да се спомене дека и покрај ангажираноста на полицијата, но и на поединци преку социјалните мрежи, Македонија се уште нема организиран систем за алармирање за исчезнати деца, пишува А1он.
Според официјалните податоци од МВР, во последните три години од 2020 до почетокот на овој месец биле исчезнати 74 малолетни лица. Од нив, 65 се пронајдени. Девет деца уште се водат како исчезнати.
Во соседна Србија веќе од минатиот месец функционира системот „Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“
Според овој систем кој е поткрепен и со закон, медиумите мора итно да ја прекинат програмата и да известат дека е исчезнато дете. Вчера повеќето македонски телевизии веста за исчезнувањето на Вања ја имаа или на крајот од вестите или воопшто ја немаа.
Целиот текст на А1он на следниов линк.