Колумбија се закани: Ако треба ќе ги прекинеме дипломатските односи со Израел

Лидерите и владите ширум Латинска Америка ги осудуваат нападите на Израел врз Газа.

Колумбискиот претседател Густаво Петро и даде поддршка на окупирана Палестина и се закани дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел, велејќи:

„Ако треба да ги прекинеме дипломатските односи со Израел, ќе ги прекинеме. Ние не поддржуваме геноциди”.

Како одговор, Израел ја стави во мирување целата воена продажба за Колумбија. На X, поранешен Твитер, министерот за надворешни работи на Колумбија, исто така, го повика амбасадорот на Израел да ја напушти земјата.

Потенцијалниот потег на Колумбија ја следи долгата историја на земјите од Латинска Америка кои ги поддржуваат палестинските права.

Владите на Боливија и Венецуела ги прекинаа врските со Израел во 2009 година во знак на протест поради нападите врз Газа во 2008-2009 година.

Мексико и Бразил повикаа на мирно политичко решение.

Лидерите на Венецуела, Чиле, Куба и Никарагва изјавија дека ги осудуваат нападите врз цивилите и велат дека причината за насилството е континуираната злоупотреба на правата на Палестинците од страна на Израел.