На денешен ден е починат Ф. Енгелс, еден од основачите на марксизмот

Фридрих Енгелс беше политички филозоф, социолог, комунистички револуционер и крупна фигура во европското социјалистичко движење во втората половина на 19 век. Неговиот татко бил сопственик на големи фабрики за текстил во Салфорд, Англија и Бармен, Прусија (сега Вупертал, Германија), докажувајќи дека не е нужно да си работник за да бидеш комунист. Беше најблизок соработник на Карл Маркс, и заедно со него го напиша Комунистичкиот манифест.

Енгелс ја разви она што сега е познато како марксистичка теорија заедно со Карл Маркс и во 1845 година ја објави книгата „Положбата на работничката класа во Англија“, заснована врз лични набљудувања и истражувања во англиските градови. Енгелс финансиски го издржувал Маркс, овозможувајќи му да ја истражува политичката економија на капитализмот и да го напише својот магнум опус Das Kapital.

По смртта на Маркс, Енгелс ги уредувал вториот и третиот том на Das Kapital. Покрај тоа, Енгелс ги организираше Марксовите ракописи за теориите за вишок на вредност, кои подоцна беа објавени како „четврти том“ на Das Kapital. Во 1884 година, тој ja објави книгата „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ врз основа на етнографското истражување на Маркс.

Фридрих Енгелс починал од рак на грлото во Лондон на 5 август 1895 година, на 74-годишна возраст. По кремирањето во креаториумот во Вокинг, неговата пепел била расфрлана од белиот ‘рт Бичи-Хед, во близина на Истбурн, по негово барање.