100 години постоење на Археолошкиот Музеј на Македонија
Археолошкиот музеј како темел на македонската археологија и музеологија и прва музејска установа во Македонија, вчера во малата сала на Филхармонијата одбележа еден век од формирањето. Низ стогодишното постоење оваа институција ги менувала имињата и просториите за работа, но стамено се движела низ сите историски настани и предизвици, кажа директорката Славица Бабамова во поздравниот говор пред присутните. На свеченоста во малата сала на Филхармонијата , на заслужни вработени, поранешни директори на Археолошкиот музеј и професори, им беа доделени специјални награди за исклучителен придонес во работата и развојот на музејот, на самата арехологија, музеологија и за промоцијата на македонското археолошко наследство дома и во странство.
Во малата сала на Филхармонијата никој не го криеше задоволството што поминал години во оваа институција, или пак малку придонел во нејзиното градење. Низ еден век постоење Музејот егзистирал на повеќе локации, како самостојна или здружена институција. Археологот Горан Санев им врачи стаутетки на поранешните директори на инстиуцијата. Со стоечки аплауз присутните го поздравија д-р Коста Балабанов кој во 80-те години раководел со институцијата.
– Јас сум само 5 години помлад од Археолошкиот музеј. Оваа институција докажа дека има врвни стручњаци и кадар кој ветува светла иднина на археологијата – рече Балабанов.
Академик Вера Битракова-Грозданова е горда што ја доживелата 100-годишнината од музејската дејност во Македонија
Во Археолошкиот музеј проф. Драги Митревски вложил 20 години од својот живот. За него периодот од 70-те до 90-те години се златното доба на институцијата.
Свеченоста заврши со групна фотографија од сите кои денес активно учествуваат во работата на Музејот.