Ванковска: Како може некој да Знае, а не се сеќава како лидерот им го поддржа Преспанскиот договор

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на Република Македонија, поддржана од Левица

Како може некој да ЗНАЕ, а да има толку куса меморија што наводно не се сеќава дека неговиот лидер одел по митинзи и дебати, а на бина врескал во полза на Преспанскиот договор (за што има и видео снимки)!

Сето тоа кога мнозинството граѓани беше под странски и внатрешни притисоци, ама го бојкотираше референдумот …

Или не знаат или не паметат… Но, ние паметиме. Ваше е дали ќе верувате на полупатриоти или тукушто откриени патриоти само кон Бугарија.