За Максим Димитриевски, Преспанскиот договор беше влогот за иднината на нашата држава
Градоначалникот на Куманово, а воедно и кандидат за претседател на Република Македонија номиниран од движењето Знам, Максим Димитриевски, пред точно една година во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, посочи дека Преспанскиот договор беше стратешка определба и влогот за иднината на нашата држава.
– Јас бев цврсто уверен дека Преспанскиот договор е добро решение, но истиот не беше обѕнанен. Во ниту еден момент не беше дебатиран во отворена дебата во СДСМ и ако се сеќавате самите пратеници беа одведени на потпишување на договорт. Но да го оставиме Преспанскиот договор тоа беше влогот за иднината на нашата држава, вели Димитриевски.