Левица со нова канцеларија во Пробиштип

Во присуство на голем број граѓани, членови и поддржувачи на Левица, свечено беше отворена канцеларијата на ЛО Левица – Пробиштип.

На чинот присуствуваа: Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, пратеникот Крмов, членот на Президиум – Александар Симонов, како и кандидатот за претседател од Левица, проф. Билјана Ванковска.

📢 „Пробиштип е преубав град и грев е да биде оставен во раце на структури на сдс и дпмне. Гледаме што се случува: секојдневно на плодните ниви никнуваат фотоволтаици. Околината на Пробиштип е претворена во стаклена градина, која очигледно им носи профит само на еден грст луѓе, додека народот е оставен во тешка сиромаштија. Левица е последната шанса и единствена надеж за тоа да го промениме“, кажа пратеникот Крмов.

📢 „Она што само пред година и пол ни изгледаше како нереално, сега веќе е остварено. Левица има претседателски кандидат и со самото тоа, ние им ги помативме сметките и раатот, кој големите партии го имаа досега. Нашиот кандидат, проф. Ванковска, ќе се бори за да победи на претстојните избори, а двоцифрениот број на пратеници што Левица ќе го освои, дефинитивно, ќе бидат клучен фактор за формирање на следната Влада“, рече Претседателот Апасиев.

📢 „Имаме одлични изборни програми. Постои една природна поврзаност и хармонија помеѓу она што јас го размислувам за иднината на Македонија со ставовите на Левица. Изборите се само првиот чекор од еден долг пат, но ако го рашириме црвениот бран низ цела Македонија, верувам во посветла иднина за сите нас, кои живееме на ова мало парче земја“, истакна Ванковска.

🚩 Левица е на правиот пат и со секој изминат ден, станува сè посилна.