Левица ги објави носителите на листи во изборните единици

Партијата Левица на социјалните медиуми ги објави носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај.

Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата, пратеникот Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар.