Советник на Заев со навреди на профилот на Камиказа

Басистот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа ќе биде кандидат на Левица за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.

 Советникот на премиерот Зоран Заев, Дејан Николовски на Фејсбук започна со провокативни статуси упатени до Камиказа.

„Перо, у втор круг гласовите ќе му ги дадеш на имењакот или на спонзорушата на Грујчо. Нормално ако има втор круг“, напиша Николовски, на што Камиказа не остана рамнодушен, па возврати:

„Имењакот со сигурност не влегува во втор круг, а за дама, без разлика на твоето мислење за неа, во најмала рака е недолично“.

Како што стои на сајтот на Влада, Дејан Николовски е надворешен соработник за инвестииции помеѓу општините и Владата.