По иницијатива на Левица одбележан денот на раѓањето на Ѓорче Петров

Денот на раѓањето на нашиот патрон, Ѓорче Петров, свечено се одбележува трет пат во општината Ѓорче Петров по иницијатива на Левица.

Денеска, 2-ри април, по повод 159 години од раѓањето на македонскиот револуционер Ѓорче Петров – делегација од Левица ЛО Ѓорче Петров, предводена од носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ 2, Амар Мециновиќ, положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Ѓорче Петров.