Нема да им помине – Апасиев со кратка порака од Собрание

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пред почетокот на денешната седница за промена на Уставот, за новинарите пред Собрание изјави дека нема да помине промената на Уставот.

Во кратката изјава за медиумите, Апасиев истакна дека пратениците на Левица ќе гласаат против денешниот дневен ред. Апасиев дополна дека нема воопшто да дојде да се гласа за промена на Уставот.