Ништо не е исто со Левица во Парламент – порачаа пратениците на Левица

Во пресрет на денешната седница за промена на Уставот, на фејсбук се огласија пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Прв обид за промена на УСТАВОТ откако Левица е парламентарна партија.”
#СофискаПлатформа#НемаДаВиПомине#СтопНаБугаризацијата напиша кратко лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

И пратеникот Борислав Крмов на својот профил порача дека за прв пат во Парламентот има пратеници кои не слугуваат на Вашингтон и Брисел.

Ништо не е исто со Левица во Парламентот! За прв пат после 91 година, македонската држава има вистински народни избраници кои цврсто стојат во одбрана на националните интереси! Народни избраници кои работат за интересите на македонскиот народ и не слугуваат на бирократите од Брисел и Вашингтон.