Објавени тајни документи: Британска пропагандна машинерија му помагала на Пендаровски на Претседателските избори?

Новообјавени тајни документи покажуваат дека Ројтерс и БиБиСи, биле вклучени во програми на Британското министерство за надворешни работи кои имале пропагандни цели, идентични на оние за кои тие ја обвинуваат Русија. Во програмите биле ангажирани и изведувачи како Белингкет, фирмата поврзана со Алексеј Навални. Во документите се спомнуваат и дејствија на истите фирми во Македонија. 

Во анализата се вели дека овие „проекти“ на британските служби биле спроведувани тајно и во партнерство со високопрофилни медиумски организации како Белингкет, Медиуза и Медиазона. Белингкет учествувале во „интервенција на изборите во 2019 година во Македонија во поддршка на про-НАТО кандидатот“. Наводно, Белингкет биле испратени од страна на Мрежата Цинк „за да помогнат на Претседателските избори“ во Македонија. 

Влоговите беа големи. Кандидатот поддржувач на НАТО победи, но не без мала помош од британското министерство за надворешни работи и неговите сојузници, се вели во извештајот.

„Британското министерство за надворешни работи ја идентификуваше С. Македонија како приоритетна земја во раните фази на проектот. ЦИНК идентификуваше голема медиумска мрежа во земјата, мрежата Мост, и ангажираше тим кој вклучува менаџер на мрежи и безбедносен консултант за само три дена после барањето на клиентот. Во текот на 2 недели, нашиот тим и партнерите, вклучувајќи ги и ДФР Лаб и Белигкет, правеа тренинг за сајбер безбедност, менторство за дигитална форензика, истраги и медимска етика“, се вели во текстот.

После нивното учество во операцијата во Македонија, Белингкет објавиле и текст пред парламентарните избори во 2020 насловен „Руското влијание во С. Македонија“, чијшто автор е извесен Јордан Цалов

Документите покажуваат и други слични операции кои биле изведувани од страна на истата мрежа на актери во Балтичките земји, Сирија, Белорусија и во Русија. Покажано е како БиБиСи и Ројтерс помагале на британските служби во подобрување на „нивната способност да ја шират нивната порака низ Русија“ и „да се спротивстават на наративот на руската Влада.“ Целта била да се „намали влијанието на Русија во државите од нејзиното соседство“. Двете медиумски корпорации добиле мултимилионски договори за унапредување на интервенционистичките цели на британската држава кои се состоеле во тренирање на руски новинари преку патувања и обуки, воспоставување мрежи за влијание во и околу Русија и промовирање на про-НАТО наративи. 

Овие откритија покажуваат дека додека британските пратеници ја напаѓале Русија, британските агенти ги користеле БиБиСи и Ројтерс за спроведување токму на тие тактики за кои политичарите и медиумите ја обвинуваа Русија, изјави Крис Вилијамсон, поранешен Лабуристички пратеник кој се обиде да ги обелодени тајните операции, но беше спречен поради тоа што станувало збор за национална безбедност.